Cool School
11/09/2020
Во отсуство на протокол, дозвола за работа со физичко присуство за училиштата за странски јазици како и официјален допис оваа учебна година 2020/21 ќе се одвива онлајн.
Тимот на КУЛ СКУЛ после сите разгледувања донесе одлука да ги почитува законските регулативи, со тоа што наставата ќе се одвива во виртуелни училници, а истата ќе биде интерактивна и интересна за учениците.
УПИСИТЕ за ОНЛАЈН настава почнуваат денес, 11.09.2020 и ќе траат до 25.09.2020 година.
Со почит,
Тимот КУЛ СКУЛ 🌸
22/08/2020
Новата учебна година понеизвесна од било кога. Но, ако сте во добро здравје и се сложувате со поговорката - Знаењето е сила - знаењето е моќ, треба и оваа учебна година да ја почнеме со нови сили со цел да имаме моќни генерации.
Ја следиме ситуацијата со COVID 19 како и препораките од Министерството за Здравство и Ве информираме дека нашиот план за работа во оваа учебна година ќе биде во согласност со нивните протоколи.
Затоа Ви овозможуваме два начини на следење настава:
-со физичко присуство
-учење од далечина (он-лајн)
Доколку наставата се одвива со физичко присуство, часовите ќе се одвиваат во мали групи, со соодветно растојание, а нашите училници редовно ќе се дезинфицираат, пред и по завршувањето на часовите.
Доколку наставата се одвива од далечина (он-лајн) истата ќе се изведува преку соодветна платформа која овозможува класичната училница да се замени со виртуелна.
УПИСИТЕ за учебната 2020/2021 година почнуваат од 24.08.2020 до 11.09.2020.
Со настава почнуваме од 14.09.2020.
Од далечина (он-лајн) или во училница, наставниот кадар во Cool School е подготвен.
Запишете се Вие или Вашето дете на телефоните:
072313314 и
078327842.
🏃♂️🏃♀️📝🔔🏫
19/04/2020
Happy Easter!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Mladinska 183, Strumica
Strumitsa
2400