News 24

News 24

Share

Вести за Македонија,Струмица и струмичко ,занимливости,технологии,практични совети,креативни работи,музика,филм

Photos from News 24's post 01/12/2025

Општина Струмица и Евангелско – Методистичката црква, на струмичани им приредија интересен настан со којшто ја збогатија предновогодишната атмосфера.

Во нивна организација во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ беше изведена музичко – сценската претстава „Божиќно Чудо“ во којашто настапи интернационална група на студенти – волонтери од повеќе европски држави.

Од името на општина Струмица, учесниците и посетителите ги поздрави Мила Велкова член на Советот, нагласувајќи дека овој исклучителен настан, потврдува дека добрата мисла и вербата во трајните вредности ги бришат сите граници и бариери меѓу луѓето.

Преку овој мјузикл се испратени силни пораки за радост и среќа во сите домови во пресрет на новогодишно – божиќните празници.

22/11/2025

Интересно гледање на работите
👇

Случајот со денешните апсења во УЈП може да се гледа од повеќе аспекти:

- се поврзува со пожарот, а врска нема со истиот, но има позадина обвинителството да прикаже дека власта и нејзини структури се виновни за криминал во нивните редови, нешто слично како со апсењето на директорот на агенцијата за поддршка на земјоделството, а суштината е дека СДС и ДУИ ги користат инсталациите во институциите за борба против власта со подметнување, конструирани случаи, врз кои се става фокусот, за да се дефокусира нивниот криминал и да не се постапува по нивните тешки злоупотреби, а земјоделците да ги изгубат приходите зошто ЕУ ќе ги повлече кога ќе види.

- ако се вака ажурни институциите да постапат после 7-8 месеци со апсење на веќе познати лица, под претпоставка за корупција врз основа обезбедени докази од телефони што произлегле од друг кривично правен настан и кои ги има обвинителството уште од тогаш, а на чуден начин и покрај забраната од ЗКП ги споделило да бидат објавени на опозициски истражувачки медиуми пред некој месец, се поставува прашање зошто за корупција не се гони и некој од обвинителството кој ги споделил пред некој месец јавно преку одредени медиуми, па нели е и тоа корупција?!

- замислете го и ваквиот след на настани, се случува “Кочани” трагедија од невидени размери, обвинителството со месеци дреме во постапката и се креира предмет во кој сега постапуваат дури 8 обвинители кои веројатно ќе зборат во хор (ова мислам дека не е видено никаде во светот до сега и слободно Коцевски со оваа организација ќе влезе во Гинис за обвинители по глава на предмет - осум - за да манифестира сила или што?) а ваму се жали немал обвинители. Исто чудно е како ќе постапуваат овие сите во тимот кога таму има и основни и виши обвинители нели постои утре жалбена постапка и нели се нарушува системот на двостепеност, вишите постапуваат пред Апелационен суд?!

- за да биде трагедијата поголема иако Коцевски и неговото обвинителство знае за денес уапсениве уште пред месеци во Судскиот совет (оној корумпираниот на Весна Дамева, нели) се бира ВД претседател на Кривичниот суд и тоа сестрата на денес еден од уапсените од УЈП, ама пред да се дознае дека нејзиниот брат е инволвиран во некакви пораки кои наводно укажуваат на корупција?! И ете ти комуњарско сценарио и стратегија, ние ја избравме ама таа е “ваша”(објавија која била и каде работела) и еве брат и фатен во корупција “со докази”, а предметов за пожарот се суди таму во Кривичен, пак власта демек мести нешто?! Клопка до клопка!!!

- да беа Коцевски и неговите обвинители толку ажурни да ги одземеа денес сите телефони по оваа пракса од цела администрација или еве цела УЈП, па и од целото правосудство судии и обвинители што мислите колку уапсени ќе имаше денес? Ама неее Коцевски и правосудството се тука фокусирани!

Мислам дека институциите со криминални инсталации сериозно и објавија војна на Владата. Во позадина седат други инсталации на длабоката држава кодошат по амбасадите и спремаат извештаи за новиот извештај на ЕУ за 2026, 2027…

Само размислувам… 🎪
ФБ Статус : Владимир Панчевски
(Екс Претседател во Кривичен Суд)

Want your public figure to be the top-listed Public Figure in Strumitsa?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Media 24 Online Network Macedonia
Strumitsa
2400