Rotary Club Stip
Currently has 18 members, all experienced in their area and profession.
18/04/2026
Почитувани пријатели и поддржувачи на Ротари, ве покануваме на Велигденски донаторски концерт во соработка со ФРЛЗ и ДМУЦ Сергеј Михајлов од Штип.
Билетите може да ги резервирате во приватна порака.
11/03/2026
Во пријателска и ротаријанска атмосфера, на 10 март 2026 година се одржа редовниот состанок на Ротари клуб Штип, овојпат во прекрасниот амбиент на ресторан Леона Лукс во Радовиш.
На состанокот се направи осврт на досегашните активности и проекти на клубот, при што се разговараше за нивното успешно финализирање и за следните чекори во нивната реализација. Посебно внимание беше посветено на тековните подготовки за традиционалната Донаторска забава, која ќе се одржи на 17 април, настан преку кој продолжуваме да ја негуваме хуманитарната мисија на Ротари и да создадеме нови можности за помош во нашата заедница.
Состанокот помина во духот на пријателството, соработка и посветеност кон ротаријанските вредности – служба над себе и заедничко делување за подобро општество.
Доделивме две Ротари значки за нашите нови членови Мартин Ваљаков и Ристе Поцков.
Искрена благодарност до нашиот домаќин, Славе Иванов
Заедно продолжуваме да правиме добро во заедницата.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the organization
Website
Address
Velko Vlahovic 1
Stip
2000
Opening Hours
| 09:00 - 17:00 |