FC Maradona Shtip

FC Maradona Shtip

Share

Фудбалот ги опушта децата, им ја презема грижата, ги учи на помирливост и истрајност, преку фудбалот децата учат како да веруваат во себе, да бидат тим и да не се откажуваат, Фудбалот не е само игра тој гради карактер, дисциплина и здрави навики ⚽️

Photos from FC Maradona Shtip's post 25/01/2026

Фудбалска дружба, насмевки и нови познанства ⚽🤝

Денес бевме гости кај нашите пријатели од Villarreal Masters Academy од Скопје, со кои одигравме неколку пријателски натпревари во атмосфера исполнета со спортски дух, позитивна енергија и искрена љубов кон фудбалот.
На теренот, младите фудбалери од двата клуба прикажаа борбена и динамична игра, но пред сè фер-плеј, меѓусебна почит и желба за натпреварување во вистински спортски дух. 💛💙

Ваквите средби се повеќе од игра, тие се можност за учење, растење и градење пријателства на и надвор од теренот. 👏⚽️

Photos from FC Maradona Shtip's post 27/12/2025

Со пригодни благодарници и признанија за младите фудбалери ја испраќаме 2025 година како НАЈУСПЕШНА година на нашата школа🏅
Во изминатата година нашите фудбалери на секој тренинг и натпревар даваа повеќе од 100%, година во која имаше многу победи и порази но пред се научени многу животни и спортски лекции.🙏
🙌 2025 сепак ќе остане најуспешна сезона до сега поради постигнатите резултати на регионално и државно ниво. На регионално ниво успеавме со 4 од 6 генерации да се закитиме со првото место и да избориме директен пласман помеѓу 16 НАЈДОБРИ екипи во цела МАКЕДОНИЈА. 🏆
На државно ниво најзабележителни ќе останат резултатите на генерацијата 2014 која успеа да го освои високото 3 место, и одличниот настап на генерација 2012 која годината ја заврши како 4 најдобра екипа во државата. 👏
Во новата 2026 година на сите наши деца им ветуваме дека продолжуваме со професионалниот начин на тренинзи, најдобри услови за тренинг во целиот град и пошироко, натпревари со најдобрите клубови во Македонија, Балканот и Европа, и секако доживување на прекрасни заеднички моменти кои ќе не изградат во подобри личности 🔝

На сите родители им ветуваме дека нашата грижа за нивните деца ќе биде на уште повисоко ниво, непрекината социјализација, моменти на кои ќе се гордеете и сеќавате цел живот и правилно насочување кон здрави животни и работни навики за правилен раст и развој на вашите и наши, најмили, ИДНИ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ! 🎄

#среќнипразници #генерација2014-15 #СреќнаНоваГодина 🥳

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Stip?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Address


Stip