Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вред
ности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Р. Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Визијата на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е: Да ја подигнеме граѓанската свест за активно учество во процесите кои се од особена важност за подобрување на функционирањето на јавните претпријатија на ниво на Општината и вклучување на граѓаните како битен фактор за подобрување на квалитетот на животната средина во рамките на истата.
Мисијата на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е: да се работи на активирање на граѓаните и подигање на нивната свест дека се активни чинители на општествените промени и на придонесот кон промените за подобрување на квалитетот на животната средина и на целокупното живеење. Со својата активност членовите на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен треба да дадат позитивен пример и насока во која треба да се движат сите граѓани, кога имаат за цел да остварат некое свое право или да побараат од локалната самоуправа остварување на нивните права, пред сѐ во областа на заштита на здравата животна средина и на унапредување на условите во кои живеат и работат.
Стратешки цели на Здружението се: мотивирање на локалното население за активно учество во промените и правило адресирање на локалните проблеми до надлежните институции.