Ohrid Times
09/01/2024
Нешто од заборавената историја на Македонија
Димитар Пинџур татко на народниот херој Страшо Пинџур
Димитар Пинџур
Димитар Пинџур (1884 – 15.09.1915)е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Тој активно учествувал во Балканските војни (1912 - 1913) и е еден од главните организатори на Тиквешкото востание 15 – 26 јуни 1913 година. Негов син е Страшо Пинџур, македонски партизан и харој од Втората светска војна.
Димитар (Диме) Арсов Пинџуров е роден во 1884 година во тиквешкото село Ваташа. Основно образование и двокласна нижа гимназија зацршил во Кавадарци, а потоа го продолжил образованието во Солунската машка гимназија. По завршувањето на школувањето се вратил во Ваташа и извесен период работел како учител во селото Рожден.
Диме Пинџур се приклучува на Македоската револуционерна оирганизација и работел како учител се до моментот додека турските власти не ја откриле неговата активност, Во пролетта 1905 година се приклучил на одредот на војводата Добри Даскалов и на 13 јуни 1905 година учествувал во битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Поради неговата револуционерна активност турските власти ја уапсиле и убиле неговата сестра.
Во 1906 година Диме преминал во четата на војводата Апостол Петков, а нешто подоцна во четата на Аргир Манасиев, каде ја вршел должноста на секретар на чета.
По Младотурската револуција во 1908 година, Диме Пинџур се преселил во Гевгелија и станал еден од водачите на Народната федерална партија. Тој се борел против грчката пропаганда на овие простори.
Во 1911 година Диме Пинџур се вратил во родната Тиквешија. Се оженил истата година, но откако започнале репресиите на Младотурците, се приклучил на одредот на војводата Христо Чернопеев. Потоа активно учествувал во Балканските војни (1912 - 1913) во единиците на Македоноскоодринската револуционерна организација (МОРО), основани од страна на Јане Сандански.
Диме Пинџур е еден од главните организатори на Тиквешкото востание (15 – 26 јуни 1913 година) и член на Главниот штаб на востаниците. Неговата мајка Наца Арсова Пинџурова, која исто така беше долгогодишна активистка на Македонската револуцинерна организација, учествувала во востанието и била брутално мачена од Србите.
По задушувањето на востанието, тој со своето семејство се преселил во Струмица, кој и бил предаден на Бугарија, и работел како учител. Во март 1915 година се роди неговиот син во Струмица, а неговиот кум Чернопеев му го даде името Страхил.
Димитар Пинџуров учествувал во Првата светска војна како подофицер на првиот македонски полк во Бугарската армија и починал во битката кај Криволашки 15.09.1915 година. Македонскиот народ му испеал песна.
Неговиот син Страхил (Страшо) Пинџур, подоцна за време на Втората светска војна ќе биде член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе се бори против бугарската окупација и ќе почине во затвор по ѕверските мачења од страна бугарските окупаторски власти.
30/12/2023
ДОБАР ПРЕЧЕК НА ГОСТИТЕ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Вака изгледа паркингот кој е составен дел на Општинската зграда во Охрид
Иако во центарот на Охрид овај паркинг простор не ретко е во ваква состојба
Очигледно со својата локација и оддалеченост е надвор од видокругот на локалците
20/12/2023
Владата на Македонија додели 1 500. 000 евра на Општина Охрид за два проекти.
Премиерот Ковачески потпиша договор со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков
За донација од 90 000 000 денари пари од буџетот на РСМ за Охрид
Иако локалната досега редовно ја критикуваше државната власт, овај пат видно расположени го потпишаа договорот со премиерот и на момент заборавија на вообичаениот речник.
Очигледно дека финансиите се вистинскиот лек за да се заборави се наназад
20/12/2023
И птиците го чекаат првиот сончев зрак
Бела Чапја покрај Охридското Езеро
19/12/2023
ЛЕВИЦА: Над 28 000 евра потроши Локалната Самоуправа Охрид за изнајмување на сијалички за новогодишно украсување
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=755128893320030&id=100064687779734&mibextid=9R9pXO
ДВОЕЦОТ СДС-ДПМНЕ ПРЕМОЛЧУВА ОДЛЕВАЊЕ НА 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ
Од 2012 до 2023 година, локалните коалиции во Охрид потрошиле петнаесет милиони денари или двесте и педесет илјади евра за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали. Овие реквизити се изнајмени од Друштво за трговија, производство и услуги „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ ДООЕЛ“ увоз-извоз Скопје, додека другиот дел го спроведува ЈП „Комуналец“ - Охрид.
Низ годините наназад, вработените во Општина Охрид, предводени од двоецот СДС-ДПМНЕ ако умееја мудро да управуваат со парите, можеше до сега да направат многу повеќе за празничниот божиќен амбиент и да набават украси и реквизити кои ќе останат трајно во сопственост на општината. Со изнајмувањето на сијалички секоја година континуирано, локалните моќници го заштитуваат бизнисот на „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ“ и сопствените интереси.
Овој начин на делење на тендери дополнително е доказ за недомаќинското трошењето на парите од страна на кадрите на СДС и ДПМНЕ, без да се земат предвид реалните потреби и приоритети на охриѓани.
Листа од последните 9 години кои изнесуваат 211.864 евра:
2015год - 22,869 евра;
2016год - 23,024 евра;
2017год - 16,249 евра;
2018год - 30,292 евра;
2019год - 28,942 евра;
2020год - 20,600 евра;
2021год - 20,600 евра;
2022год - 20,536 евра;
2023год - 28,752 евра.
Со вакво нерационално работење, секоја година се одлеваат пари од општинската каса во приватните џебови, наместо јавните претпријатија да ги зајакнат своите капацитети во обезбедување услуги на граѓаните.
Левица јавно го повикува Градоначалникот на Општина Охрид за наредното новогодишно украсување да ги користи само јавните претпријатија, а се’ што недостасува како реквизити за украсување, да биде купено и да остане во сопственост на градот.
27/11/2023
ОХРИД Е СЕКОГАШ ПРЕКРАСЕН
03/07/2023
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=227678563466704&id=100086736855172&mibextid=Nif5oz
Кратер на ул Македонски Просветители - Weblog title Повеќе од две недели улицата Македонски Просветители изгледа како сцена однекој воен филм Имено на улицата пред Пожарната Јавните Претпријатија имаат градежен за...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
Ohrid
6000