OK Pelister Volej
02/05/2026
ВИЦЕШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА🇲🇰🏆🥈
Пелистер Волеј - Наковски Волеј
1:3
👉Во финалето Пелистер Волеј одигра интересен прв сет кој што го доби екипата на Наковски Волеј и супер драматичен втор сет во кој испуштивме предност од 15:10 со што противникот ја зголеми предноста на 2:0. Во третиот сет нашата екипа започна лошо и кога сите помислија дека за брзо ќе биде 3:0, по двата тајмаути на клупата, екипата на Пелистер покажа дека неслучајно се најде во ова финале и го доби третиот сет со голем пресврт. Мечот продолжи во четврт сет и повторно струмичката екипа тргна со високо водство. Нашите одбојкарки по втор пат се обидоа да го возвратат ударот и го донесоа сетот во неизвесност за ова финале да го одведат во петти одлучувачки сет.
На крајот очигледно беше дека недостига физичка сила од овие два исцрпувачки натпревари. Сепак овој сребрен медал за оваа генерација на одбојкарки како и за нашиот клуб е потврда за континуираниот успех на повеќе од 11 последователни генерации кои се закитиле со најмалку еден медал во една од младинските државни лиги на Македонија.
Честитки до сите наши одбојкарки за остварениот успех како и до сите учесници на овој Ф4 турнир.
Голема благодарност и за нашата публика која не бодреше на двата денешни натпревари.
👉Пред финалето, нашата кадетската екипа на завршниот турнир Ф4, во полуфиналето беше поуспешна од екипата на Газели Волеј од Скопје, совладувајќи ја со резултат 2:1 во супер драматичен натпревар со многубројни пресврти.
👉Само еден клуб, само еден град 💪
👉Само Пелистер, само Битола 💚🤍
02/05/2026
👉 ФИНАЛЕ КАДЕТКИ
👉 Започнува финалната битка
👉 Линк од финалето кое започнува набрзо
Gazeli Volley 1 like. "ФИНАЛЕ | Кадетски финален турнир | SC Forca - Skopje"
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Bitola
7000