Konzuli.mk
07/07/2026
23/06/2026
Локалниот младински совет со порака до средношколците, идни студенти!
Како Локален младински совет, сакаме да ве потсетиме дека секој нов семестар, секој испит и секој предизвик на факултетот е чекор напред кон вашата иднина.
Знаеме дека студирањето понекогаш знае да биде напорно и неизвесно.
Едно е важно да запаметите.
Токму во тие моменти се гради упорноста, самодовербата и знаењето што подоцна ќе ве издвојува.
Не заборавајте, не мора да бидете совршени за да бидете успешни. Доволно е да бидете истрајни, љубопитни и подготвени да учите од секоја грешка. Секоја лекција денес е инвестиција во утрешниот ден и вашата иднина.
Како млади, вие сте двигател на промените во нашето општество. Вашите идеи, енергија и труд имаат вредност и значење, дури и кога ви изгледа дека не се гледаат веднаш резултатите.
Верувајте во себе, поддржувајте се меѓусебно и не се откажувајте при првата пречка. Факултетот не е само место за учење, туку и место за растење како личност.
Со почит,
Локален младински совет на Општина Битола.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Bitola