Rotaract Club Bitola

Rotaract Club Bitola

Share

16/01/2026

Традицијата на вртење мазниче со паре продолжува и годинава. Најсреќниот овој пат беше 🍀

За многу години и среќни празници 🪙🎄

01/12/2025

1 декември е ден посветен на подигнување свесност за ХИВ и СИДА – болест која денес може успешно да се контролира со рана дијагноза и правилна терапија. Знаењето и тестирањето се најсилна заштита. Овој ден е потсетник дека стигмата е најголемиот непријател – затоа е важно да зборуваме отворено, да се информираме и да ги поддржиме оние што живеат со ХИВ.
Свесноста спасува животи. Тестирај се, информирај се, поддржи!

Ротаракт Клуб Битола, како и секоја година така и оваа огранизира хуманитарен настан, овој пат во кугланата во Битола. Собраните средства од овој настан ќе бидат донирани во медицински цели за помош против борбата за сидата 🤝🏼

Photos from Rotaract Club Bitola's post 26/05/2025

Заврши уште една успешна ротаријанска година. Имавме многу нови проекти, неколку веќе редовни проекти, донации, дружби и состаноци со нашите членови но и членовите од светот.

Од денес, претседателството за новата ротаријанска година е во рацете на Филип Стојановски. Од името на минатиот претседател Илче Блажевски и целиот клуб, му посакуваме успешна ротаријанска година.

Исто, му посакуваме топло добредојде на нашиот нов член Филип Стојановски, кој на денешниот последен состанок беше изгласан за редовен член 🤝🏼

Се гледаме наредната година со нови сили и цели! Ротаракт клуб Битола ❤️

Photos from Rotaract Club Bitola's post 18/05/2025

Традицијата продолжува.

Петта година по ред го организираме хуманитарниот турнир “Битолски Бељотџија”. 26 тимови се натпреваруваа да ја освојат наградата и називот “Најдобар Битолски Бељотџија”.

Годинава, центарот на збиднувањата беше во кои несебично ни помогнаа за остварување на нашите замисли. Огромна благодарност до нив.

Мора да се спомене за жарот и посветеноста на нашите натпреварувачи, каде повеќето натпревари завршија со резултат 2:1 во партии. Борба до самиот крај.

Честитки до победниците, тимот “Последнa шанса” го освои прво место

Воедно им благодариме и на поддршката од

Овој настан немаше да биде тоа што беше без нашите пријатели:

.kapri .bt

Кои донираа средства, ваучери и производи од нивните дејности.

*Сите собрани средства ке бидат наменети за пинг-понг клубот "Пелагониа" - Битола, за снабдуванье со опрема за потребите на клубот

Благодарност и до сите учесници на фер играта и пријателската атмосфера која ја негуваме овие пет години.

♥️♣️♦️♠️

Want your organization to be the top-listed Non Profit Organization in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Bitola
7000