Interfest - Bitola
Ве покануваме на СВЕЧЕНОТО ЗАТВОРАЊЕ, вечерва, во 20.00 часот во Офицерскиот Дом на Битола, каде извонредниот пијанист со светско реноме Џанлука Луизи ќе ни ја донесе целата убавина и раскош на италијанската уметност. Префинета музикалност, феноменална техника, длабоки и страсни емоции, тоа е Луизи. Со волшепството на поетот на пијаното Фредерик Шопен, чија музика доаѓа од чудата на космосот, од неговите „имагинативните простори“, за да допре до срцата на секој слушател со неговите Балади, Скерцо, Валцери, Полонеза.
Довидување до Јубилејниот 35-ти Интерфест- Битола во 2026.
09/10/2025
Tv Tera Bitola Eden od najznacajnite festivali se slucuva vo Bitola 08 10 2025 Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.
Вечерва од 20 ч. во Офицерски дом имате можност да го проследите концертот на Трио Хоризонти од Швајцарија. На програмата има дела од: Момпу, Ивејзен, Гинастера, Пиацола.
"Подиум на млади" е насловен вечерашниот концерт на Интерфест со таленти од средните вокално-инструментални класи при ДМУ Битола. Повелете во Офицерски Дом (КИЦ) во 20 часот. Влезот е бесплатен.
Повелете на концерт на две пијана во изведба на Мартина Џордани и Иларија Костантино во музичкото училиште кое се наоѓа на улица Димитар Илиевски Мурато (нов објект). Почеток во 20 часот, влезот е слободен.
03/10/2025
Впечатоци од вчерашното грандиозно отворање на # # Интерфест-Битола фестивал со "Катули Кармина" од Карл Орф со мешаниот хор "Стив Наумов", солистите Талевска и Арсенков и НУ Камерен оркестар на Битола
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the establishment
Address
Bitola
05/10/2025