Ponder

Ponder

Share

11/10/2024

Почнуваме со објавување на програмата за завршниот ден од офанзивата 🌟

Првиот настан во недела е посветен на книгите, со промоцијата на збирката поезија „Ајде уште еднаш“ на нашиот Бојан Станиќ! Книгата е издадена од во април годинава, и конечно ќе има своја промоција во Битола 🎉 На настанот книгата ќе може да се набави по цена од 150 денари.

За збирката, Хана Корнети напиша: „Постоење и прашина, политичка ангажираност и искреност, знаење и незнаење, романтика и баналност, љубов и очај, заедништво и осаменост, идеали и реалност се дел од контрастите што сите ги имаме интернализирано, а Станиќ умешно ги спојува за да нè потсети дека и ние самите се наоѓаме во просторот помеѓу крајностите. Нè потсетува за тешкотијата на тоа да сме свесни за состојбата во која е светот, а истовремено да се бориме да не ги заборавиме убавините што прават сето ова да вреди.“ ✨️

Покрај тоа, низ целиот ден во недела ќе има штанд со книгите на нашата бесплатна .biblioteka, па дојдете и проверете ги насловите кои ги нудиме! 📚

Се гледаме! 💝

28/04/2024

2. мај (четврток) 19:00 - 00:00 // Радост

Промоција на првото СПИТСАНИЕ на и концерт на и WoO од Србија // изложба/видео инсталација на архивски материјали // DJ support:

Со огромна радост објавуваме дека во четврток ќе го промовираме првото СПИТСАНИЕ на највозбудливата македонска инстаграм дигитална архива како деветто PonderBooks издание. ⚗️

Спитсанието продира во најдлабоките понори на македонската подземна историја, ископувајќи артефакти и костури на нашето (неретко гаднo) минато. 🩻

Комбинирајќи архивски материјали со фиктивни приказни и современи адаптации на носталгични наративи, Спитсанието е уникатен прозорец кон едно загубено време, временска капсула на запрашеното и заборавеното. 🗝

Покрај тоа, вечерта ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️

Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖

Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️

Покрај промоцијата и концертот, на настанот ќе има и изложени архивски материјали од Made of Spit архивата, како и видео инсталација. 📜

Како DJ поддршка за настанот го имаме нашиот локален BerryQyat. 🎛

Want your establishment to be the top-listed Arts & Entertainment in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Website

Address


Bitola