Pro Local
22/05/2026
📢 Успешно реализиран онлајн настан – „Граѓански кругови“
На 20 мај успешно го одржавме онлајн настанот за промоција на резултатите од проектот
„Граѓански кругови – од институционален молк до дијалог предводен од младите“ 💬
Во рамки на настанот ги презентиравме постигнатите резултати од проектот, кој ги опфати сите 9 општини во Пелагонискиот регион и создаде простор младите активно да учествуваат во креирањето на локалните политики.
💡 Дискутиравме и за:
✔️ можностите за репликација на овој модел во други региони
✔️ градење партнерства помеѓу младите и институциите
✔️ зајакнување на младинскиот глас во процесите на одлучување
Проектот беше реализиран од МКЦ-Битола во партнерство со Про Локал-Битола и општините од регионот, со цел да се поттикне отворен и конструктивен дијалог помеѓу младите и локалните власти.
🙏 Голема благодарност до сите учесници
Проектот е поддржан преку грант шемата на RYCOgnizing YPS, поддржана од Германската соработка и имплементирана од RYCO.
15/05/2026
💭 6 настани. 100+ млади. Безброј моменти што вредат.
Во текот на активностите посветени на менталното здравје, заедно со средните училишта од Битола, создадовме безбеден простор за учење, дружење и поддршка 💙
👉 Игравме тенис и зборувавме за мааната и моќта на спортот
👉 Споделувавме моменти со повозрасните во домот „Свети Спас“ во Кравари
👉 Креиравме, готвевме, слушавме музика и се поврзувавме
Секој настан беше приказна сам за себе – но заедно создадоа едно силно искуство што потсетува колку е важно да се грижиме за себе и за другите.
✨ Менталното здравје е патување – а најубаво е кога не си сам на него.
Проектот „Младински политики по мерка на младите“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Click here to claim your Sponsored Listing.
Contact the organization
Telephone
Website
Address
Rade Iliev 5
Bitola
7000
Opening Hours
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |