Bit Fest

Bit Fest

Share

29/08/2025

🎭 Свечено затворање на БИТ ФЕСТ 2025!
📅 31 август 2025 (недела)
📍 Плато – Офицерски дом, Битола
🕘 21:00 часот

По два месеци исполнети со култура, уметност и инспирација, БИТ ФЕСТ 2025 го заокружува своето 17-то издание со свечено затворање на отворено, на платото пред Офицерскиот дом.
Во рамки на затворањето, ќе биде претставена завршната видео-презентација на "Bitola Art Mapping" – проект кој ја трансформираше Битола во сцена за современа уметност и креативен дијалог. Главната цел на "Bitola Art Mapping" е создавање на уникатно културно доживување преку активирање на јавниот простор и поврзување на уметноста со граѓаните.

🎥 Видеото ќе послужи како културно-туристичка промоција на фестивалот, а содржините ќе бидат континуирано споделувани и на социјалните мрежи на Општина Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и медиумите што ги следат фестивалските случувања.
Ве очекуваме на финалето на летото исполнето со уметност! ✨
#БитФест2025 #СвеченоЗатворање #БитолаЖивееСоУметност

Photos from Bit Fest's post 28/08/2025

СВЕТЛОСНО ШОУ И ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОГРАМА НА ЗАТВОРАЊЕТО НА БИТ ФЕСТ: БИТОЛА СТАНУВА СВЕТЛОСНА СЦЕНА – МАГИЈА ШТО НЕ СЕ РАСКАЖУВА, ТУКУ СЕ ДОЖИВУВА!

БИТ ФЕСТ 2025 влегува во својата финална фаза со две незаборавни вечери исполнети со аудиовизуелни инсталации, дигитална уметност и музика која ќе ја разбуди душата на градот!
✨ Влезете во светот на „Bitola Art Mapping“ – креативни индустрии кои ја претвораат Битола во галерија под отворено небо!
📅 29 август – 21:00 ч. | Пацио на НУ Завод и музеј
🔹 Bitola Art Mapping – светлосно шоу, проекции и современа уметност
📅 31 август – 21:00 ч. | Офицерски дом
🔹 ГОЛЕМО ФИНАЛЕ – спектакл кој ќе ве остави без зборови!
🌟 Поврзување на традицијата со модерното, уметност во нова димензија, младинска енергија и урбана креативност – ова е БИТ ФЕСТ 2025!
🎨 Над 70 дена активности
🎧 Многу уметници и дизајнери
🏛️ 5 локации во градот
🔊 3Д мапинг, интерактивни инсталации, музика и многу повеќе!
📸 Не го пропуштај најинспиративниот културен настан на годината!
Сподели, дојди и биди дел од културната преродба на Битола, изразена низ убавината на уметноста.

Photos from Bit Fest's post 28/08/2025

БИТОЛА СО АПЛАУЗ И СОЛЗИ ЗА МАЕСТРО КИРЕ КОСТОВ

Во преполниот Офицерски дом, Битола ја дочека првата промоција на монографијата „Кире Костов – лет на ноти и спомени“ – вечер посветена на човекот кој остави траен белег во македонската музика и култура.

Емотивна атмосфера, музика што зборува сама за себе и сеќавања што го вратија маестро Кире меѓу нас – преку секоја нота, преку секој збор.

Монографијата, создадена со многу љубов од Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски, е повеќе од книга – таа е доказ за една исклучителна кариера, но и една голема семејна и битолска љубов.

✨ „Кире одамна не е само музичар. Тој е дел од нашата биографија, дел од тивката гордост кога велиме – од Битола сум.“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, најавувајќи соработка со сопругата на Кире Костов, Кармен Костова и на идни проекти.

Следуваат радио-промоција на Радио Буба Мара и голем концерт во Скопје во ноември, посветен на маестро Костов.

Со овој настан, Битола уште еднаш потврди дека големите уметници не умираат – тие живеат низ музиката, низ спомените и низ љубовта на својот народ.

25/08/2025

Промоција на монографијата за Кире Костов ▪️▪️▪️

27 август 2025 (среда), 19:00 часот
Офицерски дом, Битола

Во градот каде што ги направи првите музички чекори, ќе се одржи промоцијата на монографијата посветена на маестро Кире Костов – трубач, композитор, аранжер и диригент чијшто звук остана дел од колективното паметење на Македонија.

Монографијата претставува сведоштво за неговиот творечки опус – од првите композиции, преку долгогодишната работа во Танцовиот оркестар на МРТ, до неговите најпознати песни кои станаа културно наследство. Таа е и омаж на еден живот исполнет со музика, посветеност и љубов кон уметноста.

Настанот ќе ја собере публиката, семејството, колегите и пријателите за да му оддадат почит на човекот кој ја носеше Битола и Македонија во својот опус.

📖 „Кире Костов – лет на ноти и спомени“ е покана да се потсетиме дека големите уметници никогаш не заминуваат – тие остануваат во секој тон што и понатаму одекнува.

@Општина Битола - официјална страница
Bit Fest
Karmen Kostova

Want your establishment to be the top-listed Arts & Entertainment in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address

Bitola