Nutri3M
21/03/2026
🌸 8 намирници кои го намалуваат стресот и нивото на кортизол 🌸
Постојат одредени намирници кои можат да го намалат нивото на кортизол и да го смират вашето тело, на природен начин.
🍫 1. Црно чоколадо (со над 70% какао)
Не е тајна дека конзумирањето црно чоколадо со поголемо количество какао го подобрува расположението, но можеби не сте знаеле дека исто така го намалува и кортизолот.
🍵 2. Зален чај или чај од камилица
Зелениот чај содржи танин и антиоксиданси кои придонесуваат да се чувствувате порелаксирано. А, чајот од камилица исто така го намалува нивото на кортизол, дури се препорачува конзумирање за поквалитетен сон.
🐟 3. Намирници богати со омега-3 масни киселини, на пример лосос
Омега-3 масните киселини ја одржуваат хормоналната рамнотежа и го намалуваат оксидативниот стрес.
🥑 4. Авокадо
Изобилува со здрави масти, магнезиум и железо што помага при регулирањето на кортизолот.
🥬 5. Лиснат зеленчук (кељ, спанаќ, блитва)
Изобилуваат со магнезиум и витамини кои помагаат во регулирање на кортизолот.
🍓 6. Бобинки (боровинки, јагоди)
Изобилуваат со антиоксиданси и витамин Ц кои го намалуваат оксидативниот стрес и имаат антиифламаторно дејство
🌰 7. Бадеми
Содржат магнезиум, здрави масти, витамин Е и Б витаними кои го стабилизираат шеќерот во крвта и помагаат да се стабилизира нивото на кортизол.
🥛8. Храна која содржи пробиотици (јогурт)
Во комбинација со редовно движење, квалитетен сон и хидратација, овие намирници можат навистина да ви помогнат во контролирањето на стресот. ✨
#смиреност #мир #безстрес #здравначиннаживот #здравје #нутриционист #здравинавики #диететичар #здраваисхрана #здравјетопредсѐ
29/10/2025
✨Дневна мотивација✨
🥗Со конзумирање на вистинските намирници, ќе се чувствувате свежо и енергично дури и во овие тмурни есенски денови. 🤸🏻♀️🍂🍃
💁🏻♀️Внесувањето на вистинската храна, навистина прави разлика. 🙌🏻
#здраваисхрана #здравје #здравјетопредсѐ
#здравинавики #мотивација #среќа #грижазасебе #нутриционист #нутриционистмк #диететичар
18/10/2025
📌На 16.10., ја имав таа чест и задоволство да одржам предавање во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, по повод Светскиот ден на храната.💚✨
👧👦Децата ја имаа таа можност да дознаат нешто повеќе за Светскиот ден на храната и неговата значајност, како и да постават прашања за сѐ што ги интересира во однос на правилниот и здрав начин на исхрана.
😊Благодарам до колективот на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола за идејата и иницијативата за ваков настан. 🤝
#СветскиДенНаХраната #презентација #учимезаедно #здравјетопредсѐ #нутриционист #нутриционистмк #здравинавики #здравахрана #здравахраназадеца #факти
Click here to claim your Sponsored Listing.