Macedonian Political Science Association

Macedonian Political Science Association

Share

19/12/2019

15/12/2019

ПОВИК ЗА ГОДИШНАТА ПОЛИТОЛОШКА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2019
Почитувани,
Македонското политолошко друштво и Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, имаат чест да ве поканат да учествувате на Годишната научна конференција на Македонското политолошко друштво на тема
„ Нови политики, пристапи и концепти во процесот на реформи и европски интеграции “
Конференцијата ќе се состои од следните три тематски целини на кои можете да ги пријавите своите апстракти односно трудови кои подоцна ќе бидат објавени во електронски издание на Зборник на трудови од конференцијата со Меѓународен уредувачки одбор:
Перспективите на евроинтеграцискиот процес во земјата и регионот
Демократска рецесија, прогрес или перманентен статус кво – состојба на демократијата во земјата и регионот во пост-Бриселскиот период:
Влијанието на хибридните закани врз демократијата
Конференцијата ќе се одржи до крајот на Декември 2019 година, во Скопје, во просториите на универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
Ве молиме своето учество да го пријавите најдоцна до 19 Декември 2019 година.
Пријавата со абстракт треба да ги содржи името и презимето на авторот, институцијата од која доаѓа, панелот на кој се пријавува како и темата на презентацијата.
Потребно е да се достави и краток абстракт од 300 збора. Абстрактот можете да го испратите на маил: [email protected];
Избраните трудови ќе се објават во Зборник од конференцијата во електронска форма.
За какви било дополнителни информации контактирајте ги следниве лица:
Проф. д-р Марјан Ѓуровски – претседател на МПД
[email protected];
Доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска– генерален секретар на МПД
[email protected];

25/09/2019

На покана на мисијата на САД во НАТО во Брисел престојуваа Претседателот на македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски и неговите заменици проф. д-р Ризван Сулејмани и проф. д-р Горан Илиќ. Тие земаа учество во програмата наменета за креатори на политики во земјата.

04/06/2019

Aкадемска дебата:Дали ЕУ изборите ќе влијаат на стартот на преговорите со Република Северна Македонија?

Photos from Macedonian Political Science Association's post 04/06/2019

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје и Македонското политолошко друштво потпишаа меморандум за соработка

На 3.06.2019 год. Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски потпишан Меморандум за унапредување на заедничката соработка во функција на развивање на активности. Се воспостави стручна, едукативна, научна и истражувачка соработка меѓу УКИМ и МПД во функција на потикнување на едукативна и научно-истражувачка работа во научните, стручните и наставните области од обостран заемен интерес и теми кои произлегуваат од современите политолошки прашања и други предизвици. Целта е да се развијат поефективни, емпириски, теренски базирани стратегии и истражувачки проекти и др.
На потпишувањето покрај членови на Извршниот одбор на Македонското политолошко друштво, присуствуваа и други професори од факултетите од УКИМ и другите Универзитети во земјата.

Want your business to be the top-listed Recruitment Company in Belgrade?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address

Jove Ilića 165
Belgrade